фев
08

Други нарушувања на сексуалните преференции (F65.8) -Зоофилија

Зоофилијата е психичко пореметување на сексуалните преференции, категоризирана според СЗО и Американската асоцијација на психијатри како парафилија. Ексклузивната желба за сексуален контакт со животни се смета за ретка парафилична болест, па најчесто зоофилите имаат и низа други психички нарушувања. Зоофилите скоро никогаш не бараат помош за својата ментално-нарушена состојба.

Зоофилијата се дефинира како сексуален напад на човек врз животно. Зоофилијата, освен што се однесува на претходното, означува и фантазирање за имање сексуална активност врз животно. Потешките нарушувања на психата на зоофилите вклучува доживување сексуално задоволство од сурово постапување со животни, како и насилен сексуален напад врз животното (силување на животно). Некои од зоофилите можат дури и да се почуствуваат емоционално приврзани со животното, дури и спиритуално, но тоа што ги разликува од останатите луѓе е сексуалниот контакт со животното.

Според некои истражувања на институтот Кинси, процентот на луѓе кои имале или постојано имаат сексуален однос со животни, најчест со домашни миленици, кучиња пред се’, изнесува неверојатни 8% кај мажите и 3.6% кај жените, со поголема преваленција кај луѓето што живеат во руралните средини. Според некои истражувања во САД, процентот на зоофилски напади врз животните се намалил од 8.3% во 1948 година, на 4.9% во 1974 (1.9% кај жените). Според научниците, ваквото намалување не се должи на намалувањето на нарушениот интерес, туку на намалувањето на можноста да се изврши зоофиличен напад, со оглед дека процентот на рурално население во САД се намалил за цели 80% во споредба со поствоениот период.

Едно истражување од 1980 година, покажува дека цели 5% од мажите фантазирале барем еднаш дека имаат сексуален однос со животно за време додека имале хетеросексуален однос со жена. Зоосексуални фантазии доживуваат и луѓето кои никогаш немале таков контакт со животно. Значителен процент на жени исто така почуствувале сексуална возбуда додека гледале животни кои се парат. Друго американско истражување спроведено врз студенти, покажало дека 7.5% од нив некогаш имале сексуален однос со животно.

И покрај тоа што зоофилијата се смета за психичко растројство, правните прописи на различни држави различно ја третираат оваа појава. Така, во некои исламски држави, зоофилијата е дозволена само доколку животното е од различен пол. Најголема грешка во оваа насока има направено Данска, која под притисок на некои лоби-групи го има легализирано сексуалното злоупотребување на животните. Британија, на пример, ја има забрането само пенетративната зоофилија. Други држави, како Белгија, Германија и Русија не ја казнуваат зоофилијата, но забрануваат ширење на зоофилската порнографија на Интернет.  Шведска, на пример, го преиспитува законот од 2005 кога зоофилијата престана да се казнува, заради зголемениот број на силувања врз коњи.

Држави каде зоофилијата е нелегална се, на пример, Канада, Холандија, повеќето од САД, Австралија, Нов Зеланд и др. Зоофилската порнографија е општозабранета, дури и во наведените држави каде самиот акт е легален.

Зоофилијата, освен што е психичко растројство, претставува и начин на ширење на огромен број болести од животните на човекот и обратно: бруцелоза, треска од типот Q, лептоспироза, токсокариаза и други алергиски реакции како анафилаксата.

Зоофилични елементи има и во некои фетишистички играња на улоги, кога еден од партнерите игра улога на животно, појава тесно поврзана со друго психичко растројство -садомазохизмот.

Зоофилите се лица кои најчесто имаат и други ментални растројства. Неприродната и деградирачка за човекот потреба од сексуално општење со животни, најчесто е резултат на нивната неспособност за комуникација со луѓето, аутизам и неспособност за остварување на сексуална врска со други луѓе. Нивното однесување се должи и на потребата да доминираат врз некој, па животното го користат како супститут за човек кој не можат да го контролираат, па се изживуваат врз животното и на тој начин ги задоволат своите настрани фантазии.

Групите за заштита на животните, истакнуваат дека сексуалното злоупотребување на животните претставува суровост од највисок вид, бидејќи животните не можат јасно и недвосмислено да кажат дали се согласуваат со чинот, или не, дури и во случаите кога животното е тоа кое пенетрира. Дури и кога животното не трпи трауми заради сексуалниот напад од човек, самиот чин претставува доказ за психичката неспособност на лицето да оствари здрава сексуална врска со друг човек (социјален аутизам), бидејќи е исклучен секаков вербален контакт, а задоволувањето на нагонот за секс е ставен на примарно место.



Post a Comment

You must be logged in to post a comment.