
По серија гафови и контроверзни изјави, гувернерот на Тексас, Рик Пери, денес се откажа од понатамошната трка за номинирање за кандидат за претседател на САД од редовите на Републиканската партија.
Водството и понатаму го има поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни, пред Њут Гингрич и Рон Пол. И додека Рон Пол, со своите непопуларни меѓу републиканците, либертаријански ставови, е во нагорна линија по бројот на гласови, Гингрич бележи стрмоглав пад, кој уште повеќе ќе се засили по објавеното интервју со нeговата поранешна жена, од која се развел затоа што таа не сакала отворен брак.


Categories: Избори · вести · политика
Tagged: Ron Paul for President
Stephen Baldwin (W), американски актер (IMDb), режисер и писател. Роден 1966 година (45). Од корисник на дрога, до препороден христијанин. Првата фотографија е од неговите актерски почетоци во доцните осумдесетти, втората од The Usual Suspects (1995), третата од 2009 година.



Култната сцена од The Usual Suspects (која е целосна актерска импровизација):
Categories: филм · фото
Tagged: baldwin, stephen
На колкумина од вас им се има смачено од користење пиратски Windows, секојдневни проблеми со безбедноста на компјутерот, од невнимание вклучена опција за надоградба, црн екран и порака “This copy of Windows did not pass Genuine Windows Validation“, минување часови и часови барајќи соодветна програма која нема да му наштети на оперативниот систем…?
Денес, 20 ноември, е Ден на благодарноста во Ubuntu заедницата. Денес, 20те милиони корисници на овој open-source бесплатен оперативен систем им се заблагодаруваат на илјадниците програмери ширум светот, кои издвојувајќи дел од своето време, придонеле за подобар, побезбеден и поквалитетен живот.
Ubuntu е дистрибуција на GNU/Linux проектот од 2004 година. Името потекнува од јазикот Зулу и во превод значи “хуманост кон другите“. Најновата верзија Ubuntu 11.10 од 13 октомври 2011, се нарекува Oneiric Ocelot (Поспан Леопард).
Ubuntu оперативниот систем може бесплатно да се симне на официјалната страна во .iso формат. Тежи помалку од 700MB и може да се инсталира како единствен оперативен систем во компјутерот, но и паралелно со Windows. Инсталацијата е брза и едноставна, достапна и на македонски јазик. До пред извесно време, оригинално CD со Ubuntu можеше бесплатно да се нарача преку сервисот ShipIt, преку кој беа поделени милиони примероци.
На самата страна, но и на форумот за поддршка на корисниците, може да се дознае се што е од интерес за поефикасно користење на овој оперативен систем.
Кои се предностите?
- Ubuntu е достапен за секој кој сака да користи непиратски, а истовремено бесплатен оперативен систем.
- Ubuntu го дава кодот да биде достапен до секој кој знае и сака да го надоградува, доразвива и усовршува овој оперативен систем.
- Преку Ubuntu Software центарот, имате брз и лесен пристап до стотици оригинални бесплатни и безбедни помошни програми за обработка на видео, звук, слика, текст, бесплатни игри, алатки за едукација, наука, програмирање, канцелариски помагала…
- Ubuntu е безбеден од софтверски вируси, бидејќи тие наменети за компјутерите со Windows, никако не можат да му наштетат.
- Со помош на неколку алатки, лесно можете да ја прилагодувате работната околина според вашите потреби и естетски вкусови.
- Со негово користење, вие станувате дел од 20-милионската заедница која постојано се зголемува и придонесува за еден нов свет на софтверска слобода, каде способностите на некои луѓе го подобруваат квалитетот на животот на сите останати.

GNOM работната околина е едноставна и практична. Со придвижување на курсорот врз зоната Activities, без никакво кликање, се активираат основните прозорци. Имате брз и лесен пристап до календар и часовник, нагодувања за екранот и јазичната поддршка, јачина на звукот, сигналот за интернет, состојба на батеријата и корисничкиот профил. Во последниот, може да нагодите да се појавуваат известувања за разговори на Facebook, MSN, mail…

Во еден прозорец може да работите на повеќе програми и да ги групирате според видот и потребите.

Апликациите се групирани според видот, а за побрзо наоѓање во десниот горен агол има пребарувач. Инсталирањето на апликациите и другите помошни програми се врши преку Ubuntu Software центарот, за што е потребна конекција со Интернет.


Преку него, брзо и сигурно можете да инсталирате стотици помошни квалитетни апликации. За секоја апликација, имате рејтинг направен од страна на корисниците. Само како пример, уредувачот на слики GIMP, е совршена замена за Adobe Photoshop, кој чини неколку стотици евра.


За инсталирање, потребен е слободен простор од околу 17GB меморија, а заради дополнителните апликации, се препорачува партицијата да биде со големина од околу 30GB.
И да напоменам, Ubuntu е наменет само за оние кои не се плашат да запознаат поинаков, послободен свет.
Categories: интернет · образование · технологија · философија · фото
Tagged: Ubuntu, Убунту
Здраво на сите.
Од денес, блогот на Outboy повеќе нема да објавува вести поврзани со ЛГБТ популацијата. Сите кои повремено кликаа на блогов за да прочитаат некоја новост, ги упатувам на линковите поставени на десната странична лента.
Исто така, сакам да им се извинам на сите кои се почуствуваа навредени од некои мои ставови изнесени во дел од постарите записи. Никогаш не сум имал умислена намера да навредам некого, а кога сум го правел, тоа било последица на незнаење и ограничено животно искуство.
Во иднина, на блогот ќе има сѐ помалку содржини и тие ќе бидат сведени на работи кои мене ме интересираат.
Ви благодарам на сите кои ме читавте.
Categories: вести

Ѕвездата од Star trek и Heroes, Зак Квинто, во понеделникот во интервју за магазинот Њујорк, објави дека е геј.
- Кога дознав дека 14 годишниот геј тинејџер Џејмс Родемајер се самоуби, паднав во очај. Џејмс ми го промени животот, ме натера да посакам ова да го направам години порано. Ми стана јасно дека ако јавно не признаам дека сум геј, никогаш нема да направам доволно во борбата за еднаквоста на хомосексуалците. На мене како хомосексуалец, ми остануваат уште многу работи кои морам да ги направам, за луѓето да сфатат дека сите сме исти и оти никој не треба да се плаши да се соочи со себе и својата сексуалност.
Categories: вести · медиуми · образование · општество · семејство · тинејџ · уметност · филм
Tagged: Heroes, Star Trek, Zachary Quinto
Денес напладне, во организација на српската Геј-стрејт алијанса, пред зградата на српската влада започна мирен протест. Причина за протестот е сѐ поголемиот пораст на кривични дела на насилство од омраза, додека повод е нападот со нож врз 24 годишна хомосексуална девојка, извршен од малолетник ноќта меѓу 14 и 15 октомври во Белград, кој од судот е пуштен да се брани од слобода.
Пред два часа, околу 150 демонстранти се собраа пред зградата на српската влада, носејќи знамиња со боите на виножитото и транспаренти на кои стоеше Затворете ги насилниците, Не е српски да се молчи, Овие раце не се насилни, Хомофобијата се лекува и сл.
Представникот на невладината Геј-стрејт алијанса, за медиумите изјави дека е време државата систематски да се справи со насилството, како и тоа дека повеќе нема да се молчи и да се повлекуваат пред насилството, туку гласно ќе се говори за секој поединечен случај.
На собирот се прочита изјава на повредената 24 годишна девојка, која од саботата е хоспитализирана заради сериозноста на повредите.
Јас сум само една од многуте на кои им се случува ова. Ова може да му се случи секому. Знам дека моите пријатели се плашат да пријавуваат вакви слични напади, но јас решив да не се повлекувам. Таа ноќ си го бранев сопствениот живот и сега нема зошто да молчам. Не е ни важно дали сум лезбејка или стрејт, туку тоа дека некој се обиде да ме убие – вели А.Ж.
“Огорчена и бесна сум што судот одлучил да го пушти напаѓачот на слобода. Што требаше да се случи за да му биде одредена мерка притвор? Да не се бранев и да ме убиеше, дали тоа ќе беше доволно“ – прашува нападнатата девојка.
Министерот за внатрешни, Дачиќ, ја посети хоспитализираната девојка и за новинарите изјави дека полицијата нема да толерира напади и насилство по било кој основ. Протестот се одржува под силно полициско обезбедување, а истовремено пред владата протестираат и вработените во Патишта Србија. За денес најавениот протест на полицијата, е одложен заради моменталната ситуација.
Categories: вести · општество · политика
Tagged: Belgrade, demonstrations, LGBT
Најпознатиот и најпочитуван борец за правата на ЛГБТ популацијата во светот, Френк Камени, почина вчера, на 11 октомври, американскиот национален Coming Out Day, на возраст од 86.
Камени беше роден во Њујорк, 1925 година. Во 1941, на возраст од 16, се запишува на Кралскиот колеџ за физика. Пред да го заврши колеџот, регрутиран е во американската армија. По завршување на војната, цели 20 години служи во резервниот состав на армијата. Во 1949 магистрира а 1956 докторира астрономија на Харвард.
Се вработува на Одделот за астрономија при универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и работи за американската армија. Во 1957 беше отпуштен заради својата сексуална ориентација. Неговата тужба до Врховниот суд, а во врска со отказот, е првата во историјата поврзана со дискриминација врз база на сексуалната ориентација.
Во 1961 година, Камени го основа “Општество Маташин“, организација за заштита на цивилните права на ЛГБТ популацијата. Подоцна, има придонесено за отстранување на хомосексуалноста од листата на психички нарушувања на Американската психијатриска асоцијација.
Добитник е на многу награди и признанија, а во 2009 година администрацијата на Обама јавно му се извини за дискриминацијата вршена врз него за време на претходните американски претседатели.

Categories: вести · историја · општество · политика
Tagged: Frank Kameny
Џулиан Гловер, најдобриот политички новинар на Гардијан и еден од десетте најдобри пишувачи на говори во Британија, е назначен за нов шеф на пишувачите на говори на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Од 2006 година, Гловер е во цивилна унија со новинарот на The Times, Метју Перис, со кој се заедно 17 години.
Categories: вести · општество · политика
Ангела Игл, единствената јавно-декларирана лезбејка пратеник од редовите на Лабуристичката партија во Долниот Дом на Британија, е новиот лидер на опозицијата во Долниот Дом (кај нас, т.н. координатор на пратеничка група). Таа беше именувана вчера, од страна на претседателот на Лабуристичката партија, Ед Милибанд.
Стефан Твиг, пратеник во Долниот Дом, отворен геј, кој во 2004 и 2005 беше министер за школство, е избран за секретар за образование во Владата во сенка.
Владата во сенка е политичка практика во Британија, членови на т.н. Лојална опозиција на Нејзиното Височество, да формираат т.н. паралелна влада, која развива и предлага алтернативни политики од тие на актуелната влада.
Categories: вести · општество · политика
Tagged: Shadow Cabinet, UK
Исповед на американско момче, за тоа како родителите го тепале и подложувале на електро-шокови, горење и мрзнење, а на крај го избркале на улица, во намера да го “преобратат“ во стрејт.
Categories: вести · општество · семејство